Трендафилов: Доколку минатата година не тераа инат, денеска работниците ќе имаа за 6000 денари зголемување на нивните плати!

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов на својот Фејсбук профил објави дека егото на еден претставник на Владата е причина за незголемување на работничките плати.

Како што вели, минатата година работодавачите беа подготвени да ги зголемат платите на работниците за најмалку 6000 денари, ако Владата времено се откажеше од продонесите, но поединци во Владата сметаа дека тоа не смее да се дозволи, веројатно за да станат Влада која води најсиромашни работници и Влада која води најсиромашна држава во Европа.

„Доколку минатата година не тераа инат, олеснувајќи го притисокот кон работодавачите за делот на придонесите, денеска работниците ќе имаа за 6000 денари зголемување на нивните плати, а по истекот на временскиот период за кој работодавачите бараат олеснување, сега ќе почнеа со уплата на придонесите за така згоменете плати, со што на месечно ниво ќе се слеваа над 10 милиони евра во буџетот, а на годишно ниво над 120 милиони евра, но веројатно некој во владата мисли дека подбро е да се задолжува и да зема кредити кои ги ќе исплаќаат следните поколенија.

Бизнисот да ја прифати подадената рака на работниците, да ја натераме владата да застане на страната и на бизнисот и на работниците, затоа што бизнисот и работниците одлучуваат кој ќе ја води државата, а ако тој што го избрале не работи во нивен интерес, лесно ќе изберат друг, а доколку не, заедно со работниците преминуваме на следните фази, блокади, протести и Генерален штрајк за што последиците и одговорноста ќе ја имаат исклучиво тие“, порача Трендафилов.