Трендафилов: Прифатено е барањето за средба со Владата, очекуваме да се реализира во најкраток можен рок

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, потврди дека Владата ја прифатила молбата на Синдикатот на УПОЗ за средба, која ќе се одржи по враќањето на владната делегација од САД.

ССМ очекува средбата да се реализира брзо, со цел продолжување на разговорите кои беа прекинати по одбивањето на анексите на колективните договори од Министерството за финансии.

„Се надеваме дека тоа ќе биде во најбрзо време имајќи предвид дека колегите од овие шест министерства и двете други институции очекуваат да се интензивираат разговорите кои беа прекинати поради одбивањето на анексите на колективните договори од страна на Министерството за финансии. Од тие причини, Синдикатот на УПОЗ подава рака преку социјален дијалог да се најде соодветно решение, но колегите од овие институции се подготвени да ги продолжат протестите и евентуално да преземат и други активности што се возможени согласно законот“, рече Трендафилов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното