Околу 100 рудари во рудникот „Стари трг“ во близината на Трепча, биле заробени на некои 700 метри под површината после дефект на електричната мрежа. Меѓутоа сите се спасени и однесени на безбедно, јавуваат медиумите во Приштина.
Животот на рударите не беше во опасност, затоа што рудникот има природна вентилација. Нема повредени, а инцидентот настана по експлозија на трансформатор, јавува „Коха“.
Стотината рудари биле заробени на осмото, деветото и десетото ниво неколку часа пред да излезат на безбедно.