Македонија

Трета парада на гордоста во Скопје – „Излези за љубов! Достоинство, еднаквост, правда“

Трета парада на гордоста во Скопје – „Излези за љубов! Достоинство, еднаквост, правда“

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, националната мрежа против хомофобија и трансфобија го организира овогодишното издание на третата по ред „Скопје прајд“.

Почетната точка беше  во паркот „Жена-борец“, а по кратките поздравни говори почна протестниот марш по скопските улици. Настанот планирано е да  заврши во со забава на стадионот на АРМ во градскиот парк.

Во пресрет на парадата, волонтерите и организаторите ги посети и претседателот Стево Пендаровски.

И премиерот Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни