Три компании од Струмица добија казни од по 9 илјади евра!

Општинскиот Инспекторат за животна средина во Струмица изрече глоби на три компании од 9.000 евра и 500 евра за управителите. На некои компании им е наложено да постават филтри за да ја намалат загаденоста на воздухот. Казнет е и граѓанин со 250 евра.

Инспекторатот бележи повеќе случаи на палење оган на отворено, вклучувајќи денешен пожар меѓу селата Свидовица и Банско, и покрај Булеварот „Климент Охридски“, при што изгореле сува трева, ѓубре и електричен столб. Пожарите се успешно локализирани од страна на ТППЕ Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов апелираше на заедничка борба против загадувањето, најавувајќи секојдневни вонредни инспекции. Резултатите се објавуваат редовно на официјалната страница на Општината.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното