Три лица починаа од грип во Србија, меѓу нив и двегодишно дете

Три жртви од грип во Србија. Двегодишно дете од Чачак и двајца повозрасни пазиенти од Ниш им подлегнаа на компликациите што ги предизвика вирусот на грип.

Детето било примено вчера во 20 часот и 20 минути, а имало знаци на респираторна инфекција. По испитувањето, детето било ставено во Одделот за педијатрија, каде што се извршени сите потребни дијагностички процедури, според соопштението од болницата доставено до медиумите, додавајќи дека му била дадена соодветна терапија но наскоро после тоа настанало ненадејно влошување на детето, и покрај сите мерки на реанимација починало.

Двете повозрасни  лица во Клиничкиот центар во Ниш биле на возраст од 75 и 66 години. Директор на Клиниката за инфективни болести во Ниш, Милодраг Врбиќ, рече дека 32 пациенти се на третман, од кои 11 се на опрема за вештачка дишење.

Д-р Врбиќ истакна дека не постојат посебни мерки за заштита на граѓаните од грип, но ги повикува да избегнат големи собири и да носат маски. Според него, вакцинацијата во овој момент треба да се зголеми за да се избегне ризикот од инфекции.

Извор: ТВ21