Три опции се во игра за новиот Клинички центар во Скопје

Министерот за здравство, Азир Алиу, во неделното интервју за Радио Слободна Европа откри дека во моментов се разгледуваат три опции за изградба на нов Клинички центар во Скопје.

Според Алиу, ова прашање е сè уште во „ептен многу рана фаза“, а трите опции што се во игра се:

  1. Надградба на постоечкиот Клинички центар – инфраструктурно и преку други можности.
  2. Градење на потполно нов Клинички центар на нова географска положба.
  3. Изградба на комплекс кај ГОБ „8 Септември“ – каде што би се префрлил целиот Клинички центар.

Експертите ќе го имаат последниот збор

Иако премиерот изјави дека локацијата на „8 Септември“ е одлична, министерот Алиу вели дека тоа е само едно од решенијата што се разгледуваат.

„На крајот, работната група и експертите ќе ги ценат и пристапот и инфраструктурата, но исто така и финансискиот момент… Ние сме отворени, ќе ги слушнеме експертите и нивното мислење“, изјави Алиу.

Тој нагласи дека мора да се биде претпазлив, бидејќCи Клиничкиот центар е тесно поврзан со Медицинскиот факултет поради академскиот и истражувачкиот дел, и при креирањето на новиот центар не смее да трпи ниту една од овие три гранки (административна, клиничка и академска).

Онкологија во „8 Септември“ за две недели, па во Битола

Во меѓувреме, Алиу најави дека очекува онколошкиот оддел да профункционира во просториите на ГОБ „8 Септември“ за една до две недели, а наскоро да се отвори и во Битола.

Се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово

Министерот потврди дека со договорот со Обединетото Кралство, во тек е првата фаза од 205 милиони евра за доградба и обнова на болниците во Штип, Тетово и Кичево.

„Во Кичево од почеток ќе имаме нова зграда бидејќи постоечката не ги задоволува базичните инфраструктурни побарувања. Во Тетово исто така ќе имаме нови згради и целиот кампус ќе биде реновиран. Во Штип исто така нова зграда за факултетот и организација на постоечките објекти“, рече Алиу.

Ова е дел од визијата на Министерството за дисперзија на здравствените услуги и регионализација.

Во интервјуто, Алиу зборуваше и за најавените реформи во системот „Мој термин“, воведувањето електронски рецепти и упати, како и за тоа дали тој F́e биде сменет во најавената реконструкција на Владата, за што истакна дека одлуката ќе ја донесе премиерот.