Сообраќајна несреќа се случи попладнево на експресниот пат Кочани-Штип.
Според информациите, се судриле три возила, а според СВР Штип има повредени.
Во моментов нивната состојба не е позната.
Во тек е увид на местото на несреќата. Возилата се пренасочуваат кон регионалниот пат Кочани-Штип.
