Физичка пресметка на улица во Неготино.
Се степале три жени.
„Денеска во два часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ги приведоа 34-годишната Б.Џ., 26-годишната С.К. и 31-годишната С.Д., сите од овој град, затоа што на улица „Даме Груев“ во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ. и С.Д. од една страна и С.К. и 31-годишната Д.Б. од Неготино, од друга страна, при што Д.Б. се здобила со повреди, констатирани во медицинска установа“, велат од СВР Велес.”
Како што потенцираа, по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ФОТО: Илустрација