рчките власти се приближуваат кон одредување датум за судење за смртоносната железничка несреќа во 2023 година во централна Грција, откако претседателот на апелациониот суд ја одобри препораката на обвинителот за испраќање на 36 обвинети на суд, објави онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“.
Во ноќта помеѓу 28 февруари и 1 март 2023 година, патнички воз што превезувал стотици луѓе се судрил со товарен воз што доаѓал од спротивната насока кај превојот Темпе, Централна Грција, при што загинале 57 лица, а десетици биле повредени.
Според „Ларисанет“, цитиран од „Катимерини“, меѓу обвинетите се вработени во Грчката компанија за железничка инфраструктура (OSE), нејзината подружница ERGOSE, која управува со инвестициските проекти на OSE, грчкиот железнички превозник „Хеленик Трејн“, кој е подружница на италијанската државна железничка компанија „Феровие дело Стато“, Грчкиот регулаторен орган за железници (RAS) и грчкото Министерство за транспорт и инфраструктура.