Трик за најдобри палачинки: Не се важни состојките, ќе се изненадите за што се работи

Палачинките се едно од најпознатите задоволства воопшто. Имаат богата и долга историја, но со текот на годините најпознати станаа тенките и француските, наречени и крепи.

Може да се полнат со разни филови како овошје, јаткасти плодови, сирење и бисквити и да се полнат со џемови, мармалади и други слатки намази.

Иако повеќето луѓе ги сметаат првенствено како десерт, тие можат да се полнат и со некои солени состојки како шунка и сирење, а потоа да се печат во рерна, пишува Здравствениот дом.

Најдобар трик за подготовка на смесата за совршени палачинки е да ја подготвите неколку часа пред печењето, а идеално да ја оставите во фрижидер преку ноќ. Ова ќе развие глутен, клучниот протеин за текстурата на тестото присутен во пченичното брашно. Исто така, се препорачува смесата пред печење да биде на собна температура, а не ладна. Пробајте го и уверете се сами.

Состојки:
– 2 јајца

-200 гр мазно брашно

-250 ml минерална вода

– 200 мл млеко

– 2 лажици масло

-арома на ванила, рум или кора од лимон по вкус

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во сад. Оставете ја смесата да отстои преку ноќ во фрижидер. Загрејте ја смесата на собна температура пред да ги испечете палачинките.

Пријатно!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното