Трик за совршено месо кое се топи во уста: Пред печење направете го ова

Ако сакате месото веќе никогаш да не испадне суво и жилаво, пред термичка обработка задолжително ставете го да отстои во маринада.

Ви го препорачуваме овој сјаен рецепт!

Состојки:

– 1/2 шолја маслиново масло,

– 1/2 шолја пиво,

– 1 лажица мед,

– 1 лажица сол,

fresh garlic isolated on white

-3 чешниња лук

Начин на подготовка:

Излупете го лукот и изгмечете го додека не стане кремаст. Во него додајте маслиново масло и пиво, а потоа и мед. Сè убаво измешајте.

Месото исечете го на парчиња и прелијте го со маринада. Оставете го да се маринира најмалку 3 часа, па дури потоа обработете го термички.

Што значат сивите делови на меленото месо – дали е опасно да се јаде

Со текот на времето меленото месо станува сиво на делови и главното прашање е дали е здраво и може да се јаде.

Ако купувате штотуку мелено месо ќе забележите сива боја, во спротива оние кои се во паковки имаат помалку кислород и не се дозволува да ја изгубат црвената боја.

Ако е малку сиво однадвор, е во ред, но ако месото е сиво и внатре и надвор тогаш е расипано.

И мирисот ќе ви помогне да го откриете тоа.

Ви откриваме и што значат и како да ги препознаете белите линии на пилешкото месо кои се почесто ги забележуваме

Ако сте ги забележале белите траки кои се појавуваат на пилешкото месо, тогаш ние го имаме одговорот што тие всушност значат.

Стручњаците предупредуваат дека тие значат пореметување на тонусот на мускулите кај животите, а тоа го покажало едно италијанско истражување.

Според истражувањето, делот на протеини е значајно намален, додека на масти зголемен во месото.

Се работи за штедењето на продавачите и произведувачите, со оглед на тоа дека во минатото просечно пиле тежело килограм и 300 грама, старо 70 дена, а денеска пиле старо 47 дена е тешко три килограми.