Трик за заштеда: Петиците ви пукаат или ви изгледаат мали – користете дезодоранс!!

Без разлика дали дел од стапалото се трие со чевелот или предните ремени се малку претесни, тоа може да биде кошмар и често може да остави болни плускавци.

Сепак, постои едноставен трик кој може да ве спаси од болка, а се што ви треба е дезодоранс на ролна.

Овој трик го открила Британката Рејчел Клинкард која се занимава со производство и продажба на чевли и вели дека се што ви треба е дезодоранс на ролна и да го нанесете на стапалата, на места за кои мислите дека може да ве иритираат. Дезодорансот потоа создава бариера помеѓу кожата и чевелот и на тој начин го спречува „триењето“.

Тоа, вели таа, ќе изгледа подобро отколку да ги покриете стапалата со флустери, па дури и ќе можете да танцувате цела ноќ без да се грижите дека стапалата ве болат подоцна.

Рејчел затоа предлага секогаш да имате со себе мал дезодоранс токму за оваа намена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното