Најбогатиот човек на светот Џеф Безос нуди износ од две милијарди долари со цел да ги покрие трошоците на НАСА, а американската вселенска агенција повторно да ја преиспита можноста со него да потпише договор за изградба на возило за слетување на Месечината.
Имено, НАСА во април истото му го долери на Илон Маск и неговата компанија „Спејс-Икс“, и ја одби понудата на „Блу ориџин“ на Безос.
Во Договорот се предвидува изградба на систем за слетување кој би носел астронаути на површината на Месечината најрано до 2024 година, и иако се очекувало дека двете компании ќе можат да учествуваат во проектот, Агенцијата морала да додели договор на само една поради недостаток на средства.
НАСА доби само 850 милиони долари од 3,3 милијарди долари што ги побара од Конгресот на САД, за изградба на возило за на Месечината.
Во писмото до администраторот на Агенцијата, Бил Нелсон, Безос вели дека „Блу ориџин“ ќе го надополни недостатокот во буџетското финансирање со откажување од сите плаќања во износ од две милијарди долари.
Читај и ова:
- 1.Голем дефект предизвика поплава во Влае – можно е делови од Карпош и Скопје да останат без вода
- 2.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 3.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 4.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 5.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!