Тројца македонски државјани краделе по станови во Хрватска

Службеници на Службата за општ криминал на ПС Приморско-горанска и полициска станица Риека, по кривична истрага открија серија тешки кражби со кршење и влегување по станови. Тројца македонски државјани на возраст од 37, 42 и 50 години се пријавени за вкупно 16 кривични дела, пренесува Индекс.

Според резултатите од истрагата, осомничените во периодот од март до крајот на септември минатата година упаднале во 16 станови во областа Риека. Од становите украле накит, пари и други вредни предмети, при што на хрватските државјани им нанеле штета од најмалку 97.000 евра.

При увидот пронајдени се дел од украдените предмети и специјален алат за кражба кои биле користени при извршување на делата.

Покрај кражбите во Риека, истражителите откриле дека осомничените во август извршиле две слични кривични дела на Макарска, додека во октомври извршиле кражби и во загребската област, каде на крајот биле уапсени од полициските службеници на полициската управа во Загреб.

По завршената обработка, тројцата осомничени заедно со кривичната пријава се предадени на надзорникот на притворот и ќе одговараат пред надлежното државно правобранителство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното