Светот со нетрпение го очекува понеделник, 20 јануари, на инаугурацијата на Доналд Трамп, новоизбраниот американски претседател. Тој се враќа во Белата куќа во Вашингтон во Соединетите Американски Држави и се очекува да ја покаже сета „моќ“ што ја има кај себе во однос на соработниците и блиските луѓе, пренесува „Хаф пост“.
Познато е и кој ги сочинува главните ВИП гости. Станува збор за Џефри Безос (сопственик на Amazon и Washington Post), Илон Маск (сопственик на Tesla и X) и Марк Цукерберг (сопственик на Meta – Facebook, Whatsapp и Instagram).
Сите тројца се „заковани“ на врвот на листата на „Форбс“ на најбогати луѓе на планетата. Сите развија добри односи со новиот американски претседател за време на подготовките за изборите и предизборната кампања, особено Маск кој цело време беше покрај него.
Зошто Маск, Безос и Цукерберг со Трамп?
Маск особено се истакна во кампањата на Трамп, особено во последните неколку месеци. Тој беше најголемиот донатор и поради тоа беше назначен за прв човек на таканареченото Министерство за ефикасност на Владата.
Тој ќе работи со поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами за да направи значителни кратења на федералниот буџет. Маск дури треба да добие канцеларија во Белата куќа, но тоа не е официјално потврдено.
Безос го „занесе“ Трамп со тоа што не ја поддржа потпретседателката на САД во заминување, Камала Харис. Тоа е првпат „Вашингтон пост“ да не поддржи претседателски кандидат во претходните 10 години.
Покрај тоа, „Амазон“ ги повлече сите свои иницијативи за различност со цел да придобие повеќе симпатии од Трамп. Претходно беше познат по тоа што силно ги критикуваше ваквите политики на „Амазон“, а за време на кампањата компанијата „Амазон“ донира околу еден милион долари, исто колку и компаниите на Маск.
Што се однесува до Цукерберг, тој најави дека неговата социјална мрежа ќе ги отстрани проверувачите на факти. Како што објасни – „станаа премногу политички пристрасни“ поради што „Мета“ се реши на овој чекор, а неодамна во подкастот на Џо Роган објасни каков притисок трпел од администрацијата на Џозеф Бајден.
По инаугурацијата, Цукерберг организира и прием во чест на Трамп. Се очекуваат голем број познати личности.