Цеков: Што знае за реалниот сектор советникот од ЗНАМ кој доби тендер од 1,2 милиони евра, за тоа се боревме?

Пратеникот Миле Цеков во емисијата Ноќно студио на 4ТВ изнесе обвинувања дека лице поврзано со ЗНАМ добило вреден тендер во државна институција.

Според Цеков, станува збор за тендер во вредност од околу 1,2 милиони евра за одржување во Македонски пошти.

Се вчитува...

„Што знае за реалниот сектор советник од ЗНАМ кој доби тендер од 1,2 милиони евра? Дали тоа беа идеалите и принципите за кои се боревме?“, изјави Цеков, доведувајќи ја во прашање доследноста на партијата.

Тој посочи дека ваквите случаи, според него, се спротивни на ветувањата за транспарентност и борба против корупцијата, кои биле дел од предизборната програма.

Воедно, Цеков ги отфрли обвинувањата насочени кон него и неговото семејство, нагласувајќи дека немаат добиено државни тендери.

„Ако има било какви докази за спротивното, нека се објават јавно“, рече тој.