Сезоната на јагоди е во полн ек и сигурни сме дека ќе уживате во нив максимално.
Меѓутоа, доколку не внимавате како ги консумирате, ризикувате да ги оштетите забите.
Освен што содржи многу здрави работи, како што се железо, натриум, калциум, калиум, фосфор, овошни киселини, витамини А, Б1, Б2 и Ц, јагодите содржат и многу фолна киселина, која е штетна за забната глеѓ. Проблемот е што емајлот не се обновува, а клучен е за зачувување и здравје на забите.
Секако, тоа не значи дека треба да се откажете од јагодите, туку само да го промените начинот на кој ги јадете. Ќе ви помогне ако ги направите овие неколку работи:
– Јадете ги во комбинација со храна која не е кисела и има низок процент на шеќер, како што се ореви, спанаќ, банани, јаболка или млечни производи.
– По консумирањето јагоди, направете пауза од неколку часа кога се во прашање оброците за да и дадете време на плунката да ја неутрализира киселината и да ја поправи глеѓта. Покрај тоа, можете да ја исплакнете устата со вода после јагоди за да ја неутрализирате киселината.
– Не мијте ги забите со паста после јагоди, бидејќи абразивите во неа само дополнително ќе ја оштетат глеѓта.
