Утрово најстудено е на Маврови Анови, каде се регистрирани 3 степени.
По него следуваат 4 степени во Kрушево, Лазарополе, Пожаране, 5 во Ѓуриште, 6 во Тополчани, Прилеп, Берово, Претор, Тетово, 7 во Крива Паланка, Битола, Охрид, 8 во Виница Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Струмица, 9 во Демир Капија, Гевгелија.
Најмногу дожд имало во Гевгелија каде се измерени 19 l/m2, а по него следуваат и 13 l/m2 Струмица, 10 l/m2 Пожаране, 9 l/m2 Маврови Анови, 7 l/m2 Ѓуриште, 6 l/m2 Куманово, Лазарополе, Скопје – Петровец, Крушево, Штип, 5 l/m2 Тетово, Демир Капија Берово, Битола, 3 l/m2 Крива Паланка, Виница, Велес, 2 l/m2 Кавадарци, Претор, 1 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Тополчани.
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.