Свет

Цела Куба без струја по ураганот Иан

Цела Куба без струја по ураганот Иан

Куба падна во темнина. Прекинот на електричната енергија се должи на штетата предизвикана на електричната мрежа од ураганот Иан, пренесе AFP, повикувајќи се на државната електроенергетска компанија Union Eléctrica.

Земјата е без струја, објави компанијата на Твитер и ова го објасни со минувањето на ураганот од категорија 3 низ западниот дел на островот.

Во провинцијата Пинар дел Рио, превентивно беа евакуирани 50 илјади луѓе и беа создадени 55 привремени центри за да се обезбеди засолниште. Преземени се и мерки за заштита на насадите со тутун.

Елементот, кој го погоди западниот дел на Куба со ветрови до 205 километри на час, не зеде жртви.

Сега „Иан“ се упати кон Флорида. Се очекува дека, движејќи се над Мексиканскиот Залив, ќе ја зајакне и ќе ја погоди американската држава веќе како ураган од четврта категорија. Во Флорида на 2,5 милиони луѓе им беше наредено да се евакуираат, објави Асошиејтед прес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни