Уметникот познат под името Дудолф, повторно го стави светот на маки со неговата нова загатка. Имено, моментално во духот на новогодишните празници тој направи нова загатка со препознатливиот снешко.
„Среќен декември. Мал снешко се крие помеѓу снегулките, можете ли да го пронајдете“, напиша овој познат уметник.
На друштвените мрежи луѓето тврдат дека им била потрена цела минута за да го пронајдат снешкото. Важно е само да останете трпеливи.

Доколку не можете да го пронајдете погледнете ја фотографијата во продолжение.

Па колку време ви беше потребно на вас?
