Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита е примена во 4.55 минути.
Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески посочи дека за кратко време пожарот е ставен под контрола, односно истиот е целосно изгаснат.
Тој додава дека нема повредени, но е причинета материјална штета.