Македонија

Центарот за кризи со „важно соопштение“: Поради жештините возовите наместо 60 ќе возат 50 километри на час

Центарот за кризи со „важно соопштение“: Поради жештините возовите наместо 60 ќе возат 50 километри на час

Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека денеска, 22 август,  поради високите температури е воведено и ограничување на брзината во железничкиот сообраќај.

Железничкиот сообраќај се одвива редовно, но поради високите температури од 11 до 17 часот брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

Возовите ја намалуваат брзината при големи жештини главно поради ширењето на шините од високата температура.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни