Балкан

Централна Грција е под вода – втор пат за еден месец

Централна Грција е под вода – втор пат за еден месец

По втор пат за еден месец поплавени се градовите во централна Грција.

Повторно Волос, Лариса и Кардица се најдоа во центарот на невремето. Градоначалникот на Волос пријавил дека градот е под вода. Се е поплавено – улици, куќи, продавници. Ноќта војниците со чамци спасуваа луѓе од приземјето. Повторно 80 отсто од градот е без струја, а нема вода за пиење.

Морале да ја спасат и екипата на државната телевизија која емитувала прилог од Волос. Црковните ѕвона ги предупредуваа луѓето за поплавата.

Во критична ситуација е и Лариса. Автомобилите беа однесени од водата. На многу места има паднати дрвја, а водата достигнала и над еден метар.

На островот Евбеја од вчера е забрането движење на луѓе и автомобили. Жителите и туристите се на повисоките катови од зградите за да не бидат однесени од водата. Преминуваа реки.

Состојбата во целиот регион на Магнезија е исклучително тешка, бидејќи за еден месец по втор пат се поплавува.

Пожарникарите, воените единици и волонтерите им помагаат на луѓето.

Денеска кон крајот на денот се очекува слабеење на циклонот. Северна Грција не е зафатена од лошото време.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни