Забава

Цеца ќе биде замената на ЈК во „Ѕвездите на Гранд“?

Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ почнува на 18 септември, а учесниците и гледачите уште од самиот старт ги очекува ново големо изненадување – нова членка на жирито ќе биде Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Како што Гранд соопшти, изменетата екипа ќе избира нови ѕвезди, а во оваа сезона Цеца ќе ја замени долгогодишната членка на жирито – Јелена Карлеуша.

„Сигурни сме дека сјајната музичка кариера на Цеца, искуството и знаењето кое ги поседува ќе бидат ветер во грб за новите учесници во оваа натпреварувачка шоу програма. Нејзиното присуство ќе донесе една нова енергија во која ќе уживаат и гледачите и учесниците, а емисијата ќе биде многу погледана“, велат од таму.

Покрај овие големи новости во составот на стручното жири, за гледачите се подготвуваат и други новитети бидејќи ќе биде променета и добро познатата сценографија, и во новата сезона се влегува со визуелни идентитети кои одговараат за вака гледано шоу по сите светски стандарди.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни