Цеца не сака да се венча со Богдан – се појави во бел фустан и објасни како стојат работите

Светлана Цеца Ражнатовиќ на настап неодамна се појави во бел фустан како венчаница, прекриен со кристали што ја воодушеви публиката.

Пејачката истакна дека секоја сличност меѓу фустанот и венчаница е случајна.

„Белиот фустан не е венчаница, како на сите што им се чини. Нема симболика“, порача таа.

Иако Цеца ужива покрај својот партнер Богдан Срејовиќ, но нивната иднина не ја гледа во бракот. Како што вели, одлично е така како што е сега.

„Еднаш се омажив и веќе не планирам. Сите се прашуваат каде е Богдан, но како што ова ми е мене работа, така и тој има работни обврски“, рече Цеца.