Ципрас на голем тест, ако „преживее“ ќе има мнозинство и за Договорот од Преспа

Во грчкиот парламент започна расправа за гласање на доверба на владата на Алексис Ципрас, по заминувањето од владиниот кабинет на коалицискиот партнер и министер за одбрана Панос Каменос. Дали владата на Ципрас ќе преживее или не, ќе се знае вечерва некаде околу полноќ за кога се очекува точката да биде ставена на гласање. Но, информациите од Атина велат дека актуелниот премиер на Грција има обезбедено мнозинство во парламентот за доверба, но и за гласање на Договорот од Преспа.

„Целта на владата е Договорот од Преспа да биде изгласан со 151 глас, а можеби неколку гласа повеќе. Технички ова не е потребно, но мојата проценка е дека додека да дојде договорот, ќе имаме време да дискутираме за позицијата на секој пратеник поединечно“, изјави Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на Владата на РМ.

Се очекува до крајот на јануари да биде ратификуван договорот, но и да биде изгласан протоколот за членство на Македонија во НАТО. Иако гласањето на доверба е голем тест за владата на Ципрас, сепак тоа не мора да значи дека истите пратеници ќе гласаат и за Договорот од Преспа.

„Овие процеси не се поврзани во смисла на тоа дека не значи дека сите пратеници кои ќе ја подржат владата утре, ќе гласаат позитивно и за ратификацијата на Договорот од Преспа. Она владино мнозинство за кое официјална Атина тврди дека постои, односно 151 пратеник и за едниот и за другиот, па веројатно и за третиот процес, всушност се пратеници, освен оние 145 на СИРИЗА, можно е да гласаат утре против, а за ратирикафикацијата на Договорот од Преспа за, или обратно. Затоа некои сметаат дека се два различни процеси, меѓутоа едниот процес води кон другиот процес“, изјави Сања Ристовкса, дописничка на МИА од Атина.

Откако Македонија ги заврши своите обврски, односно ги изгласа уставните измени, сега „топката“ е префрлена кај Грција. Според Договорот од Преспа уставните промени и новото име Република Северна Македонија ќе бидат официјални откако двете страни ќе ги исполнат своите задачи.

РЕПОРТЕР: ТВ21

Извор: ТВ21