Грчкиот премиер Алексис Ципрас, најверојатно веќе има собрано 151 глас за доверба на грчката Влада. Се очекува пратеникот од Река, Спирос Данелис да даде глас, наспроти партиската линија.
Спирос Данелис од Река, вчера одржал средба со Теодоракис, лидерот на партијата Река, за да му ја соопшти одлуката.
Река нема да гласа за доверба на Владата, додека пак за ратификацијата на Договорот од Преспа, секој пратеник ќе гласа според своето лично убедување.
Не е исклучена можноста, според медиумите во Грција, Данелис да биде исклучен од пратеничката група на Река.