Ципрас: Направивте голем чекор напред кон заедничкиот успех

Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев откако македонското Собрание вчера со 80 гласови „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.

Честитки до мојот пријател Зоран Заев. Вечерашното гласање е голем чекор кон заедничкиот успех, мошне важен чекор за мирна и просперитетна иднина на нашите народи, напиша грчкиот премиер на Твитер.