Црна Гора нема да ги казнува оние кои нема да станат при интонирање на химната

Собранието на Црна Гора ги поддржа измените и дополнувањето на Законот за државните симболи, со кои ќе се избегнат казните за оние кои нема да станат при интонирањето на химната.

Со стариот закон беа наменети парични казни за непочитување кон државниот грб, знамето и химната на таа земја, но првобитно во предлог Законот за измена и дополнување на тој закон, нема казни за нестанување при интонирањето на химната.

Со новиот закон предвидени се казни од 1.000 до 20.000 евра за злоупотреба на државниот грб или знамето.

Што се однесува до химната, казни ќе има само за оние кои ќе се обидат да ја пеат поинаку, односно доколку го изменат текстот со што би го навредиле угледот на државата.

Извор: ТВ21