Црногорците ги збунија туристите: лежалка чини 3 евра, чадор 2 евра, а комплет ги нудат за 7 евра! Па како?!

На една атрактивна црногорска плажа, туристите кои дојдоа да уживаат во својот летен одмор беа збунети од пронајдената табла со цени на која пишува дека еден комплет од лежалка плус чадор е поскап од тоа да ги купите поединечно.

Имено, на социјалните мрежи се шири фотографија од табла на која пишува:

Плажа Стефан:

Лежалка 3 евра, чадор 2 евра, сет 7 евра!

Да, да, добро прочитавте… 3 + 2 = 7!

Излезе дека ако го земете комплетот, ќе ве чини 2 евра повеќе отколку ако го земавте поединечно.

Еден од коментарите под фотографијата на социјалните мрежи привлече посебно внимание. Извесна Андреа, налутено напиша: „Манијаци едни, зар е можно да сте толку глупави! Некој доаѓа сам на плажа, но има и парови на кои им е потребен СЕТ кој има ДВЕ лежалки“.

Иако Андреа ги искара останатите кои коментираа, сепак заборави да напомене дека овој „комплет“ повеќето може да го разберат како сет од лежалка + чадор за сонце, затоа што никаде не е наведено дали станува збор за една или две лежалки во сетот.