Бурно беше за време, но и по натпреварот од последното трето коло од групата А на Европското првенство во ватерполо во кое Црна Гора во Дубровник ја совлада Хрватска со 15:13.
На крајот Хрватите изборија пласман во четврт-финалето директно како втори, додека Црногорците место меѓу осумте најдобри ќе треба да го бараат преку Германија.
Самиот меч го одбележаа неколку контроверзни одлуки, се чини повеќе на штета на Црна Гора која последните две и пол минути ги одигра со играч помалку во базенот, а и покрај тоа беше поблиску до победа во регуларниот дел од натпревар.
Инцидентите избиле и по крајот на натпреварот кога црногорските навивачи славеле гол, а мала група гневни домашни навивачи прво ги навредувала, а потоа тргнала кон нив со намера физичка пресметка.
Епилогот е дека четворица хрватски државјани се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување неред. Тие денеска ќе бидат изведени пред Општинскиот суд во Дубровник.
