Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканез трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море.
Најсилниот од 6.400 земјотреси што го погодија регионот од 26 јануари се случи вечерва и беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Како последица на бројните земјотреси се случија бројни одрони, а еден од големите речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа, која е симбол на Санторини, објави грчкиот портал Protothema.gr.
Σαντορίνη: Μεγάλη κατολίσθηση στην Κόκκινη Παραλία Τουρίστες έβγαζαν selfies στο χείλος του γκρεμού
🖇️ https://t.co/LlVgbyJeBH#σεισμος #Σαντορινη #σεισμός #Σαντορίνης pic.twitter.com/h5Np5JwXeQ— in.gr/news (@in_gr) February 4, 2025
На социјалните мрежи се појавија снимки од плажа покриена со камења кои се турнати од блискиот рид. Недалеку од оваа плажа се наоѓа познат археолошки локалитет.
Локалните власти поставиле ленти и забележуваат дека плажата е затворена, но и покрај тоа, некои од ретките туристи кои се уште се на островот доаѓаат и прават селфи.
Според грчките медиуми, повеќе од 10.000 туристи и локални жители го напуштиле Санторини од саботата, кога наеднаш зачестија земјотресите.