Македонија

ЦУК: Поради врнежи можно е течење на вода по улиците

ЦУК: Поради врнежи можно е течење на вода по улиците

И во текот на денешниот ден, како резултат на очекуваните локални интензивни врнежи, можни се локални појави на течење на вода низ градските улици (доколку таму се сконцентрирани врнежите), локални појави на брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, како и можни појави на свлечишта и одрони.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на денешниот ден.

Центар за управување со кризи

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни