Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index).

Во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со МНОГУ ВИСОК FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со многу висок интензитет.

Останатите делови од земјата се со ВИСОК FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот е НИЗОК и МНОГУ НИЗОК.

Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, апелирам до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа.

Секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, во вакви временски услови, може многу брзо да се прошири и да зафати поголема површина.

Центарот за управување со кризи продолжува со континуирано следење на состојбата преку МКФФИС и со навремено информирање и координација на надлежните институции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни