Полицијата во Лас Вегас наводно уапсила маж поврзан со убиството на раперот Тупак Шакур, кое се случило пред речиси три децении.
Легендата на хип-хоп беше застрелана четири пати во пукање со автомобил во Лас Вегас во 1996 година. Се уште не е познат идентитетот на напаѓачот.
Во петокот наутро, полицијата во Лас Вегас уапси маж за смртта на Тупак, изјави неименуван извор за агенцијата АП.
Шакур имал само 25 години кога бил убиен.
Тој почина на 13 септември 1996 година, една недела откако беше застрелан четири пати додека чекаше во автомобил на црвено светло.
Во посебен извештај, Еј-Би-Си Њуз цитираше висок правосуден функционер кој потврдил дека е уапсено лице осомничено за поврзаност со убиството на Шакур и дека обвиненијата ќе бидат објавени во петок попладне.
Претходно во јули, полицијата во Лас Вегас упадна во домот на наводен член на банда во потрага по докази за смртта на Шакур.
Смртта на раперот, еден од најпознатите музичари во светот на хип-хопот, беше тема на неколку документарни филмови.
Шакур, чие уметничко име беше Тупак (2Pac), го издаде својот прв албум во 1991 година.
Повеќе од 75 милиони копии од овој албум беа продадени ширум светот, а се најде на врвот на музичките топ листи со песните California Love, All Eyez On Me и Changes.
Во јуни оваа година, раперот доби постхумна ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
