Туристи во Грција пронашле торба со 7.000 евра и ја вратиле кај сопственичката, остатокот од одморот го поминале со многубројни привилегии

Додека биле на летување во Грција еден британски пар на улица пронајде торба во која имало околу 7.000 евра.

Едвард Гибсон (24) и Џесика Френк (22) уживале на одмор на Крит, кога во еден момент наишле на торба со 7.000 евра кеш на улица, пренесува Дејли Меил.

Тие веднаш ја предале торбата во полиција, која потоа била вратена кај сопственичката, која вели дека буквално “ѝ паднал камен од срце”.

После овој необичен чин, Едвард и Џесика станале широко познати на островот.

“Кога полицијата нè одведе да ја запознаеме, плачеше и нè благослови. Парите биле целата нејзина заштеда”, рече парот.

Локалното население ги прогласи за херои.

“Ни нудеа бесплатно возење со такси, како и да останеме подолго во хотелот на нивна сметка”, рекла Џесика.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното