Туристите кои ноќе се искачуваат на планината Етна на Сицилија во патики и лесна облека за одблиску да ја видат тековната ерупција, ги ризикуваат своите животи, предупредија денеска спасувачите.
Највисокиот и најактивниот вулкан во Европа еруптираше на спектакуларен начин минатата недела, осветлувајќи го небото со експлозии и светло-црвена стопена лава, објави Ројтерс.
„Имавме голем број луѓе кои се изгубија и не можеа да се вратат поради маглата што ненадејно се појави. Ноќта надвор на овие температури може да биде многу ризично“, изјави Леонардо Ла Пика, регионален претседател на Сицилијанската алпска спелеолошка спасувачка служба.
Во изјава за Радио 24, Ла Пика рече дека протокот на лава достигнал попристапни области од вообичаено, на околу 1.850 метри надморска височина. Ова поттикна многу туристи да излезат навечер кога сцената е уште поживописна.
Night-time excursions on Italy’s Etna volcano spark safety concerns https://t.co/4OxBbE8KLZ
— ST Foreign Desk (@STForeignDesk) February 21, 2025
Некои, сепак, не одат добро опремени и често се приближуваат премногу до лавата, ризикувајќи да бидат погодени од парчиња карпа.