Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
4NEWS.mk

Турската војска воспостави контрола над сирискиот град Рас ал-Ајин

Турската војска денеска воспостави контрола над сирискиот пограничен град Рас ал-Ајин, пренесуваат странските медиуми.

Турските трупи и опозициските единици кои се борат против сириската армија влегоа во Рас ал-Ајин, откако единиците на коалицијата на Сириските демократски сили се повлекоа од градот.

Претходно, Демократските сили, формирани околу курдските вооружени групи, започнаа да се повлекуваат од Рас ај – Ајин, како што беше договорено со САД.

Анкара не се откажува од воспоставувањето „безбедносна зона“ во северните региони на Сирија, долж границата, каде бегалците од Турција би можеле да се вратат.

САД и Турција постигнаа договор да ја прекинат борбената операција на 17 октомври за период од 120 часа за да им се овозможи на курдските единици на Сириските демократски сили да имаат време да ја напуштат „безбедносната зона“ на граничната област.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни