Турски воен хеликоптер се сруши во Истанбул, има и жртви

Четири лица загинаа, а еден е повреден по пад на турски воен хеликоптер на улица во станбена област во предградие на Истанбул, објавија турските медиуми.

Причините за инцидентот не се познати.

Се работи за хеликоптер УХ-1, кој бил во служба уште од Виетнамската војна.

Хеликоптерот се враќал од рутински лет за обука и се урнал за време на слетувањето во блиската воена база.


Извор: ТВ21