Турција продолжува да се спротивставува на влезот на Шведска и Финска во НАТО, а работите не се сменија ниту во средата доцна навечер, по повеќечасовни разговори меѓу турски, шведски и фински дипломати.
Турски, шведски и фински дипломати преговараа пет часа за противењето на Анкара Шведска и Финска да влезат во НАТО, пренесоа агенциите.
Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин по средбата во Анкара посочи дека процесот на проширување на Алијансата со скандинавските земји не е можен додека не се решат безбедносните грижи на Турција.