Полскиот премиер Доналд Туск, пред неговото пристигнување на неформалниот самит на европските лидери во Лондон, изјави дека Европа мора посериозно да ја сфати сопствената одбрана и да престане да се потпира единствено на Америка.
„Тоа е парадокс, слушнете како звучи: 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси. Ако знаете да сметате – сметајте на себе!“ рече Туск.
Тој нагласи дека Европа денес има „недостаток на имагинација и храброст“, иако има воена сила која ги надминува руските можности.
Според податоците што ги даде:
- Европа (вклучувајќи ја Украина) има 2,6 милиони војници, додека Русија има 1,1 милион
- Европа има 2.091 борбен авион, а Русија 1.224
- Европа има 14.400 артилериски системи, додека Русија има 5.157.
Туск истакна дека „Европа има потенцијал да биде голема сила“, но дека е крајно време „да се разбудиме и сериозно да ја сфатиме одбраната“.
Неговата порака беше јасна – целта мора да биде „мир преку сила“, а не преку „капитулација на Украина“.