Уапсен 51-годишен маж од Крушево, осомничен за обљуба врз жена со попреченост

На 10 април 2025 година, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода И.Б. (51) од Крушево, поради сомнение дека извршил обљуба врз 34-годишна жена од истиот град, која е лице со категоризирана попреченост.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен претходно, а за него бил известен и надлежен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното