Македонија

Уапсен 72-годишник од Радовиш – признал дека со ловечка пушка усмртил куче

Уапсен 72-годишник од Радовиш – признал дека со ловечка пушка усмртил куче

Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш е приведен под сомнение дека со ловечка пушка усмртил куче на градска улица, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека Р.Л. бил лишен од слобода на 3 јули во 10:30 часот од полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш.

Според пријавата, претходната вечер, околу 22:00 часот, на улицата „Благој Мучето“ во Радовиш бил слушнат истрел, по што на улицата било пронајдено усмртено куче.

По преземените оперативни мерки, полицијата утврдила дека во кучето пукал Р.Л., кој во службен разговор го признал делото. Од него била одземена ловечка пушка „Застава М75“, која ја поседувал со важечка дозвола и за која се сомнева дека била употребена при извршувањето на делото.

Увид на местото извршиле инспектор за храна и ветеринарство, ветеринарен лекар и полициска екипа од ОВР Радовиш. При увидот било утврдено дека кучето било сопственост на Д.М. од Радовиш.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по неговото целосно документирање против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни