Американскиот милјардер и регистриран сексуален престапник Џефри Епстајн (66) денеска ќе биде изведен пред судија во Њујорк под обвинение за трговија со деца поради давање на сексуални услуги.
Милјардерот е притворен поради дела сторени во 2002 и 2005 година, а уапсен е во саботата на њујоршкиот аеродром кога се враќал од Париз, пренесе Ен Би Си њуз.
Епстајн е осуден поради сексуално злоставување на деца, а со судот постигна договор за признавање на вина и наместо доживотна затворска казна, казнет е со 13 месеци затвор, под услов да им исплати пари на своите жртви и да влезе во регистарот на сексуални престапници.
Некои од жртвите на Епстајн проговорија
Неименуван официјален извор од полицијата наведе дека Епстајн се сомничи дека на децата им плаќал за наводна масажа, а всушност сексуално ги искористувал.
Потоа, според изворот, барал од малолетните лица да им ги донесат своите пријатели, на кои исто така им плаќал за сексуални услуги.
Некои жртви на милјардерот, а се проценува дека ги има најмалку 40, биле помлади од 14 години, а недозволените дејства се случувале во неговите куќи во Њујорк и на Флорида.
Епстајн, како што пренесува агенцијата АП, бил пријател со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, со британскиот принц Едвард како и со актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

