На граничен премин во Турција уапсен е Љупчо Палевски Палчо. Тој е убиецот на Вања и Панче.
Имал купено карта за Минск, Белорусија.
Информацијата до МВР е доставена од Интерпол, дознава 4NEWS.mk.
Закажана е вонредна прес конференција на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Порано денеска беше уапсено едно лице кое се сомничи дека го превезувал Палчо од Србија преку Бугарија до Турција.
4NEWS.mk во живо ќе ја пренесува прес конференцијата на МВР Оливер Спасовски.