32-годишен маж е уапсен во Кастроп-Рауксел, во северозападната провинција Рур, од страна на антитерористичката единица на германската полиција под обвинение дека планирал напад мотивиран од исламисти.
Маж со иранско државјанство е осомничен дека набавил цијанид и рицинусово масло, соопштија утрово преку заедничка изјава јавното обвинителство од Дизелдорф и полицијата од Реклингхаузен и Минстер. Рициниус е високо токсично биолошко оружје. Полицијата синоќа извршила претрес во станот на 32-годишен маж во Кастроп-Рауксел во близина на Дортмунд и Есен.
Со него е уапсен и неговиот брат
„Обвинетиот е осомничен дека подготвувал серија насилни дејствија опасни за државата. При претресот биле откриени отрови приложени како доказ“, се наведува во соопштението. Осомничениот е приведен заедно со уште еден маж, а медиумите јавуваат дека се работи за неговиот брат.
Весникот „Билд“ пишува дека германските власти пред неколку дена добиле предупредување од странска разузнавачка служба за закана од напад со хемиска бомба. Германија виде неколку исламистички напади во последниве години, вклучително и напад со камион на божиќниот пазар во 2016 година, во кој загинаа 13 лица.