Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение дека изнудувал 300.000 евра од Роберт Хот, на кого му се заканувал со ликвидација доколку не ја исплати бараната сума, дознава Плусинфо.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот Роберт Хот пријавил дека непознато лице со сериозни закани бара голема сума пари. Полицијата веднаш постапила и во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје започнала тајна акција за спречување на изнудата.
На 8 октомври 2025 година, од оштетениот биле привремено одземени 20.000 евра во различни апоени, кои биле обработени крим-технички за идентификација. По утврдување на нивната оригиналност, парите му биле вратени на Роберт Хот за да ги предаде на осомничениот следниот ден во неговата канцеларија.
На 9 октомври, при примопредавањето на парите, полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле заседа и го уапсиле Сологуб. Кај него биле пронајдени обработените 20.000 евра и патната исправа на Република Босна и Херцеговина.
Лицето е задржано за понатамошна постапка, а полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуални соучесници.
Читај и ова:
- 1.Мицкоски: Време е за ресет на системот, судиите мора да судат според законот, а не според партиски влијанија!
- 2.Го славиме Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
- 3.Дневен хороскоп – четврток – 9 октомври 2025 година
- 4.Финансиските друштва со рекордни 150 милиони евра кредити кон населението
- 5.Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од планот – Трамп: Ова е невидено, знаеме што следи