УАПСЕН МАЖ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗА КИБЕР-НАПАДОТ ШТО ПРЕДИЗВИКА ХАОС НА АЕРОДРОМИТЕ: Се сомничи за нападот врз софтверот за чекирање

Британската Национална агенција за криминал (NCA) денеска соопшти дека е уапсен маж на околу 40-годишна возраст во врска со големиот кибер-напад што предизвика повеќедневен хаос и стотици одложени летови на неколку европски аеродроми, вклучително и лондонскиот „Хитроу“.

Според агенцијата, мажот бил уапсен во Западен Сасекс како дел од истрагата за „кибер-инцидент кој ја погоди компанијата Collins Aerospace“.

Проблемите на аеродромите настанаа откако софтверот за чекирање и управување со багаж на оваа компанија, кој го користат повеќе авиокомпании, престана да функционира. Ова доведе до огромни доцнења, а некои авиокомпании беа принудени да се вратат на мануелни методи, издавајќи карти за бордирање на патниците рачно, со пенкало и хартија.

Пол Фостер, шеф на националната единица за кибер-криминал во NCA, изјави дека апсењето е позитивен чекор, но нагласи дека истрагата е сè уште во рана фаза и останува во тек.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.