Попладнево полицијата го уапси затвореникот Фидан Асани кој утрово избега од затворското комбе додека затворските чувари чекале сендвичи пред сендвичарница во Автокоманда.
Полицијата го пронашла бегалецот на пат кон косовска граница.
Според полициски извори тој е лоциран околу 17 часот во близина село Песница, општина Липково, по што е вратен на доиздржување на затворската казна во КПУ Идризово.